Goodreads Librarians Group discussion

1 view
Adding New Books & Editions > Историја на естетиката: од Питагора до Хјум

Comments Showing 1-1 of 1 (1 new)    post a comment »
dateUp arrow    newest »

message 1: by Az-Buki (new)

Az-Buki | 3 comments * Title: Историја на естетиката: од Питагора до Хјум

* Author name: Иван Џепароски

* ISBN: 978—608—67025—6—4

* Publisher: Aз-Буки

* Series: Филозофски дисциплини

* Publication Date Year: 2025

* Page count: 375

* Format: paperback, 23 х 15 cm

* Language (for non-English books): Macedonian

* National Library entry: COBISS.MK: https://plus.cobiss.net/cobiss/mk/mk/...

* Cover (link): https://drive.google.com/file/d/19z7D...

* Description:

„Првата книга, чиј поднаслов гласи Од Питагора до Хјум, започнува со антиката и со почетоците на естетичката мисла, односно со Питагора, а завршува во втората половина на XVIII век со емпиристичко-сензуалистичката естетика на Дејвид Хјум. [...] Во рамките на историјата на естетиката, по првичните манифес­ тирања на естетичките идеи на космолошката естетика (на Питагора и на питагорејците) и на антрополошката естетика (на Протагора и на Горгија), во вековите што следуваат, пристапите во рамките на естетиката продолжуваат засилено да се развиваат – а во овој наш пристап се претставуваат и се анализираат само најважните и нај­ влијателните филозофи и естетичари – преку сфаќањата и учењата на Сократ, Платон, Аристотел, Псевдо Лонгин и Плотин, придонесите на средновековната и на византиската естетика (св. Августин, Псевдо Дионисиј Ареопагит, св. Тома Аквински) како и на ренесансната естетика (Леонардо да Винчи, Рафаел Санти). Потоа развојот на естетиката се проследува во рамките на рационалистичката естетика (Рене Декарт, Александер Готлиб Баумгартен) и на сензуалистичко–емпиристичката естетика (Едмунд Берк, Дејвид Хјум), на естетиката на просветителството (Волтер, Дени Дидро), на германската критичка и идеалистичка естетика (Имануел Кант, Фридрих Шилер, Георг Вилхелм Фридрих Хегел, Фридрих Вилхелм Јозеф Шелинг), естетичките системи и антисистемите на Артур Шопенхауер, Сорен Киркегор и Фридрих Ниче, како и на психологистичката и социологистичката естетиката на XIX век и на првата половина на XX век, феноменолошката и егзистенцијалистичката естетика, јазичко-аналитичката естетика, естетиката на рецепцијата, семантичко-информационата естетика, па сè до структуралистичката, постструктуралистичката, деконструктивистичката и постмодернис­ тичката естетика, како и на естетиката на комуникацијата, односно на институционалната естетика од втората половина на XX век и првите две децении на XXI век. [...] На крајот од поглавјата посветени на определени естетичари, следува кусо синтетичко толкување за нив и за нивната естетика (во форма на резиме), толкување кое претставува минимум информација за соодветниот естетичар.“

Од предговорот на И. Џепароски кон „Историја на естетиката: од Питагора до Хјум“

***

Библиотеката „Филозофски дисциплини“ претставува обид да за опросторување на потребата академската разгранетост на филозофијата соодветно да се впечати во македонскиот јазичен ареал.


back to top