Константин Петровски's Blog
March 2, 2018
Талин & Рига – краток патепис по сеќавање
Колатарелана корист од мешање во невладини организации е што човек може малку да види свет. Така, епски речено, си нарамив ранец швајцарски, и лирски прошепотено, се упатив кон таа волшебна поларна зима (за која ви е најпаметно да си ја гледате на новогодишни разгледници) на некое семинарче во близина на Талин. Во посредна близина на Талин. Во детско летувалиште на 40 километри пат од главниот град на Естонија.
Имав околу 15 години кога прв пат слушнав за Талин. Балтичката тројка – Естонија, Литванија, Летонија или Латвија, беше медиумска атракција во далечната 1990, кога трите балтици, решија да се отцепат од тогашниот СССР што предизвика воена интервенција на тогашниот Советски сојуз. Балтикот беше еден од тв – настаните што го најави новото време и одењето на комунизмот на претставување пред Севишниот. Но за тоа повеќе можете да прочитате нa нет или ако сте мрза за конзумирање на словото википедиско, барајте некој документарец на БиБиСи ( Имаат така? БиБиСи имаат документарец за се живо и диво, од билија – порцеланка до ај фон 7 – ка?)
Јас, во секој случај би можел да ви го осведочам следново:
Навистина е ладно. И во Рига и во Талин. Во Рига во таа продолжена зима во март 2013 температурата ноќе паѓаше и до кај – 12 степени. Инаку просек во март е околу нула. Ако го посетувате европскиот север, имајте си ја на ум норвешката народна поговорка „Нема лошо време, туку само лоши алишта“.
Естонците се сметаат за некој вид изгубено финско племе. Финска и Финците, за нив се народ кој им е најблизок по култура, јазик и традиција, а клетиот комунизам ги отцепил од нивните ако не браќа, тогаш сигурно сакани први братучеди.
Ако налетате на happy hour во ирскиот паб во центарот на Талин ( му го заборавив името, а и сеедно мислам и дека се два – три), гратис – гинисот отстапете и го на девојката на шанкот. Ем мајка Македонија е прикажана во добро светло, ем ју ноу уат ај мин, ем не превземате ризик дека ќе тресните во снегот на бегање.
За неколку евра, мало вовче слично на некогашниот битолски „Мечо“ може да ве сврти низ старото градско јадро на Талин. Пробајте, ако не уживате во возењето, барем малку ќе се стоплите.
Во Талин не мора да трошите пари за такси до аеродром. Картата за јавен превоз е евро и пол или тука некаде, и ве носи точно до влезната врата на аеродромот.
Ова го знаете, таксистите не се лица од највисок морален интегритет и суверенитет, барем кога се работи за странци. Во Рига, таксистот Русин, во име на се – словенското братство и претпоставувам како почит кон чедо на земјата која го описмени родот славјански, ме репна 15 евра отпојќе. Цели четири години пред изјавата на Путин за Македонија како земја која им ги даде буквите на Русите. Но ако му ја запаметите идентификациската картичка, поставена обично некаде на местото каде што стојат радиото или таксиметарот, може да го казнат дури и со одземање на лиценцата.
– Зошто не зборувате руски господине? – вџашено ме праша рецепционерката во хостелот во Рига, кога и го кажав името и резервацијата. Слично е и со Херкул Поаро, сите мислат дека е Французин, а тој доаѓа од малечката Белгија 🙂
Во Рига околу 37, 7% од 641 423 жители се Руси, а во Талин според пописот од 2017 има 156, 915 Руси или 36, 78 % од вкупната популација на градот која брои 448, 764 жители.
Низ Рига има маала во кои што се зборува само руски, а разбрав и дека за Латвиец е добро да си впише во CV дека знае руски. Инаку, по осамостојувањето од Советскиот сојуз, се уште се провлекува проблемот со државјанството на естонските Руси.
Во Рига искачете се на кулата од катедралната лутеранска црква Свети Петар и уживајте во погледот на стариот дел од градот, возете се со туристички автобус за да научите многу работи за Рига, јадете палачинки со чаша млеко за доручек, купете си маичка со Куќата на мачките – еден од симболите на Рига, вечерајте со Паула и Кристине… Добро ова последното не можете да го направите, но редно е во текстов да се споменат и љубезните домаќини.
https://nomads.mk/

Published on March 02, 2018 12:44
•
Tags:
Талин-Рига-патепис